Потребни квалификации:
- ССС- Градежен техничар
- Работно искуство во струката
- Познавање на работа на компјутер
- Познавање на англиски јазик
Клучни одговорности и задачи:
- Одговорен е работите за изградба на асфалтерските работи да се извршуваат во се согласно Проектот, Договорот со Главниот Изведувач, техничката и прокетната документација, како и во согласност со законските и другите прописи и стандарди од областа на градeжништвото, како и актите на Друштвото
- Изведувањето на асфалтерските работи на делницата на која е назначен и извршувањето на работите на непосредните извршители да го организира на начин и постaпка во интерес на Друштвото
- Дава конкретни усмени и писмени упатства преку скици, детали и слично на вработените и подизведувачите
- Го контролира квалитетот на извршените работи, квалитетот на материјалите, рентабилноста и економичноста на извршените работи на објектот
- Покрај главниот објект одбележува и снима други објекти (разни канализации, улици, водоводни мрежи, телефонски инсталации, електро инсталации и друго) и води потребна документација со скици и записници
Компанијата нуди:
- Плата за огласеното работно место изнесува од 35.000,00 до 50.000,00 денари во зависност од работното искуство
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае седум работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.