Потребни квалификации:
- ВСС- Дипломиран градежен инженер
- Работно искуство во струката
- Познавање на работа на компјутер (ACAD, MS Office, MS Project)
- Познавање на законската и подзаконската регулатива од областа на градежништвото
- Познавање на англиски јазик
Клучни одговорности и задачи:
- Изведува поединечни фази од изградбата на објектот на кој е распореден според задолжението и барањата на Раководителот на објектот
- Одговорен е работите за изградба на мостот-вијадуктот на кој е назначен за раководител да се извршуваат во се согласно Проектот, Договорот со Главниот Изведувач, техничката и проектната документација, како и во согласност со законските и другите прописи и стандарди од областа на градeжништвото, како и актите на Друштвото
- Ги изработува работните налози за извршени работи од вработените, го води градежниот дневник и другите евиденции што се задолжителни во изградбата на објектот
- Го контролира квалитетот на извршените работи, квалитетот на вградените материјали, рентабилноста и економичноста на работите изведени на објектот и го информира за тоа Раководителот
Компанијата нуди:
- Плата за огласеното работно место изнесува од 35.000,00 до 65.000,00 денари во зависност од работното искуство
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае седум работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.