Vrabotuvanje.com - Раководител на служба за компјутерски мрежи (м/ж) - Скопје - ЕВН Електродистрибуција
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на служба за компјутерски мрежи (м/ж)

Скопје

Application deadline:

  • ЕВН Електродистрибуција


Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

Во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти.

РАКОВОДИТЕЛ НА СЛУЖБА ЗА КОМПУТЕРСКИ МРЕЖИ (М/Ж)

Работни задачи:

  • Планирање, организирање, координирање, насочување на работата, давање на упатства и препораки за работењето, контрола на активностите и резултатите на вработените во Службата.
  • Aдминистрација и одржување на компјутерски мрежи и системи.
  • Превентивно и реактивно одржување на компјутерски мрежи и системи, вклучувајќи софтвер, VPN, рутери и друг физички хардвер.
  • Анализа и реализација на барања за промена „CR“ – Change Request за надградба на компјутерски мрежи и системи.
  • Следење и мониторирање на компјутерски системи со цел подобрување на мрежните перформанси.
  • Решавање на проблеми со конфигурација на софтвер и/или хардвер на крајните корисниците произлезени од редовни проверки на системите.
  • Користење и контрола на буџет за набавка и одржување на компјутерската мрежа и системите.
  • Подготовка и реализација на проекти за мрежата и системите, анализи, пресметки, истражувања, избор и нарачка на опрема, конфигурација, тестирање и пуштање во работа, со запазување на утврдените временски рокови.
  • Применува корпоративни, ИКТ и сигурносни политики, насоки, процеси и процедури.


Потребни компетенции:

  • Високо образование – Телекомуникации или Компјутерски технологии
  • Искуство во инсталација, конфигурирање и одржување на Cisco мрежни системи,
  • Искуство во подготовка и реализација на проекти за компјутерски мрежи и системи,
  • Познавање на работа со NAS и SAN,
  • Познавање на методологии за водење на ИКТ проекти: ITIL, COBIT, ISO 20000, ISO 27000,
  • VCTA, VCP, CCNA, CCNP сертификација ќе се смета за предност,
  • Одлично познавање на Англиски јазик,
  • Релевантно работно искуство најмалку 4 години,
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, комуникативност, тимска работа
  • Стриктно следење на утврдени временски рокови,
 

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 24.08.2021.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more