Инженер за квалитет на процеси
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Да ги води активностите за обезбедување на континуиран квалитет на продуктите/процесите/системот во сите производните оддели на фабриката, притоа обезбедувајќи согласност со внатрешните и надворешните побарувања на купувачот.
- Поддржува и имплементира активностите на Одделот за квалитет поврзани со APQP програмата
- Извршува и координира со собирањето на податоци, подготвува технички презантации за купувачот и/или менаџментот.
- Координира и имплементира со програмите за квалитет како дел од работните тимови со другите производни оддели, насочени кон подобрување на индикаторите за квалитет, продуктивност и ефикасност.
- Координира и имплементира со активностите за решавање на проблемите поврзани со технолошки / производни детали, вклучувајќи детална анализа на проблемите, соодветни превентивни и корективни мерки, како и последователни активности за верификација на функционалноста на истите.
- Определува детали за пре/до-работка на несоодветните производи и материјали од страна на купувачот или добавувачот, притоа координирајќи со соодветната документација
- Подржува активности водени од техничките тимови во поглед на прашања поврзани со квалитетот, за време на развојот и стандардизацијата на новите производи.
- Составува, одржува и координира со производните процедури и работни упатства, имајќи ги предвид спецификациите на купувачот, обезбедувајќи соодветен квалитет на производот, вклучувајќи развивање на методи и фреквенција на собирање на податоци, како на пр. Методологија за контролен план.
- Планира, извршува и евалуира контроли (аудити) на процесите, обезбедувајќи континуирано подобрување на истите.
- Обезбедува поддршка при тестирањето на прототипите и примероците, документирајќи ги соодветните резултати од APQP/PPAP/PSW барањата и одобрувањата на купувачите и добавувачите.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено високо образование (техничките насоки).
- 3-5 години. Дополнителното образование или обука може да биде заменето со работно искуство и обратно.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават
преку полето Брза Апликација.