Продолжете да се развивате со ПроКредит Банка
Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на нашата компанија, и сте љубопитни за другите земји и култури
ПроКредит Банка вработува:
Кредитен аналитичар во Централната Управа во Скопје
Потребни вештини/знаење:
- Завршено високо образование во областа на економијата
- Задолжително е претходно искуство на позиција кредитен аналитичар во друга финансиска институција (банка) од минимум 3 години
- Аналитички способности
- Способност за обработка, длабинска анализа, како и поврзување на податоците од финансиските извештаи на правните лица
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлични комуникациски способности
- Способност за тимска работа
- Способност за носење на одлуки и решавање проблеми
- Можност за одговорно работење без надзор од претпоставен
- Одлични интерперсонални способности, со можност за лесна и ефикасна комуникација со колегите на сите нивоа
АПЛИЦИРАЈТЕ!
Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на следнава емаил адреса
mkd.job@procredit-group.com не подоцна од 30.09.2021 година.
Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Воедно во електронската пријава во делот за мотивациско писмо треба да ги наведете Вашите амбиции за аплицирање, а кои ќе бидат во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (
www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (
www.pcb.mk).
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.