Vrabotuvanje.com - Асистент на продажба (м/ж) - Скопје, Битола - Бисера комерц ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Асистент на продажба (м/ж)

Скопје, Битола

Application deadline:

  • Бисера комерц ДООЕЛ

Брендот Божиновски часовници и накит веќе 25 години создава вредности, доверба и квалитет, кои секојдневно ги пренесува на сите свои клиенти преку инвестирање и грижа за своите вработени, обединувајќи ги луксузот, убавото живеење, стилот и луѓе. Од 1996 година, започна со работа во Битола и наскоро ја прошири продажната мрежа во Скопје. Покрај сопствените пет салони, Божиновски ги нуди своите производи преку мрежа на агенти и франшизи низ Македонија. Божиновски е препознатлив како официјален претставник на врвните брендови: Omega, Breitling, Longines, Hamilton, Montblanc, Tissot, Ititoli, TAG Heuer, Calvin Klein, Swatch, Troika и Flik Flak како и уникатни колекции на златни прстени за вашите специјални моменти.

Божиновски има потреба од следната работна позиција:

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (М/Ж)​

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Асистентот за продажба е одговорен навремено и континуирано да ги следи и да излегува во пресрет на барањата и обврските на клиентите
  • Да создаде пријатна атмосфера при прием и пристап кон клиенти
  • Да препорача производи базирани на детално техничко знаење и преференции на клиентите
  • Ефикасно да ги искористи техниките и обуките за да создаде и задржи задоволна и лојална база на клиенти
  • Да ги научи техничките аспекти на колекцијата на часовници и накит како и нивните специфични карактеристики
  • Да обезбеди целосно пакување на производот заедно со сите документи што се однесуваат на истиот
  • Одговара за одржување на стандардите за изложување и визуелна презентација на производите во продажниот салон
  • Одговара за уредно складирање и чување на залихите во продажниот салон
  • Ефикасно оперира со касата и ги одржува сите финансиски трансакции
  • Строго се придржува до политиките на компанијата


КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум 2 години искуство во водење на интерактивна комуникација и односи со клиенти (искуство во продажба ќе се смета за предност)
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со комјутер
  • Одлична способност за ефективна усна и писмена комуникација
  • Способност за ефективна работа и самостојно и како тимски играч
  • Мотивирана личност управувана од остварување на резултати
  • Високо организирана и одговорна личност со особено внимание на детали
  • Достапност за работен распоред со полно работно време врз основа на деловните потреби и вклучително и втора смена, викенди и празници


Ваша апликација со професионална биографија испратете ја најдоцна до 15.09.2021 год. на contact@bozinovski.com.mk со назнака
Асистент за продажба – Скопје
Асистент за продажба – Битола Локација на продажни салони за дадената работна позиција:
Скопје: City Mall, East Gate Mall, Улица Македонија бр.29
Битола: Широк Сокак

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more