Teleperformance е најголемата глобална компанија за кориснички услуги која нуди извонредни можности за кариера. Нашиот тим брои повеќе од 320.000 колеги во 80 земји ширум светот со над 40 години традиција. Teleperformance котира на Euronext берзата во Париз, дел е од Global Compact иницијативата на ОН и е сертифициран од Great Place to Work®.
Во новото претставништво во Скопје, тимот е составен од над 350 мотивирани колеги кои работат на различни глобални проекти во областа на обезбедување на корисничка поддршка.
Во моментов, го прошируваме тимот на:
Агент за корисничка поддршка (Швајцарски - германски јазик)
Скопје или работа од дома
Кои вештини се потребни за да се приклучиш?
- Напредно зборување и пишување на швајцарски - германски јазик (минимум Б2 или повисоко ниво)
- Добро познавање на англиски јазик (минимум Б1 или повисоко ниво)
- Способност за работа на компјутер и смартфон
- Сакаш да комуницираш преку телефон
Немаш искуство? Без грижа! Ние ќе те обучиме со нашите професионални обуки обезбедени од нашиот меѓународен тим.
Што ќе работиш?
- Поддршка и советување на клиенти одговарајќи на нивните прашања преку телефон
- Информирање и советување за производи и услуги
- Одговарање на повици и е-пошта од клиенти
- Јасно идентификување на проблемите на корисниците и нудење на прифатливи решенија
- Извршување и документирање на сите активности и процеси во софтвер
Што ќе ти обезбеди Teleperformance?
- Работа во компанија базирана на германски стандарди и интернационални можности
- Професионална обука и постојан развој
- Плата повисока од конкурентната плата на пазарот за позицијата
- Канцеларии во високотехнолошки модерен објект во центарот на Скопје
Како да аплицираш?
Аплицирај со пополнување на формуларот на следниот линк:
Само кандидатите во потесен круг ќе бидат контактирани.
#Teleperformance #BestPlacetoWork #Skopje