Vrabotuvanje.com - Практикант - Скопје - УНИ БАНКА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Практикант

Скопје

Application deadline:

  • УНИ БАНКА


 

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. 
 
Нашата визија е да бидеме константно лидери во иновации на пазарот, следејќи ги светските/европските банкарски трендови и нивното имплементирање на домашниот пазар, на тој начин нудејќи им поволности и бенефиции на своите клиенти.
 
Кога станува збор за високото образование и квалитетот на кадрите, Уни Банка секогаш била и ќе биде поддржувач на идејата за помагање на образовниот систем во земјата, заложувајќи се за подобра и поодржлива иднина, во која младите генерации ќе бидат дел од банкарскиот сектор.
 
Целта ни е да одбираме млад кадар и да им овозможиме своето работно искуство да го стекнат во нашата Банка, под менторство на успешниот тим на професионалци.

 
Биди и ти дел од нашиот тим! ....
Оглас за практикантство 
 
 
Врз основа на член 4 од Законот за практиканство („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/2019), Уни Банка АД Скопје нуди практична работа за студенти кои се заинтересирани за следниве области:
  • Корпоративно Банкарство
  • Трежeри
  • Платни системи
  • Управување со ризици
  • Кредитна администрација
  • Банкарство за население
  • Картично работење
  • Банкарски активности во мрежата на експозитури
 
Програмата вклучува:
  • 3 месеци практикантска работа
  • Учество во секојдневните банкарски активности
  • Работа во динамична, развојна и пријатна работна атмосфера
  • Можност за идно вработување 
 
Избраниот практикант треба да поседува:
  • Желба за учење и надградување на вештините
  • Добри организациски и комуникациски вештини
  • Одговорен пристап кон задачите и активно учество во практикантската работа
  • Преземање иницијатива и креативност
  • Афинитети за тимска работа
 
Услови за аплицирање:
Студенти во завршна година на студии, апсолвенти и студенти од II циклус студии
 
Во текот на изведување на практичната работа на практикантот ќе му се исплаќа паричен надоместок согласно со Закон.
 
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 31.10.2021година.
 
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
 
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk  
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Banking amounts to 34.278 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more