DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија. Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
- Средно образование
- Релевантно работно искуство на иста или слична позиција
- Искуство за работа со вилушкар
- Способност за самостојна работа и работа во тим
- Мотивирана и стабилна личност
- Одговорност и посветеност на работата
- Одлични услови за работа
- Работа во интернационална компанија
- Работа во динамична атмосфера со можност за професионален развој