DS Smith е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија. Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
Повеќе информации на www.dssmith.com
ДС Смитх како компанија става голем акцент на грижата за своите вработени, нивниот развој, напредување и усовршување на работното место. Го цени трудот на вработените и спроведува различни активности за подобро тимско работење, остварување на стратегиските цели и секојдневно живеење на корпоративните вредности.
Ги охрабруваме сите кои бараат работодавач како DS Smith да аплицираат на отворениот оглас, спремни сме да обучуваме нови колеги и да допринесеме за растот и развојот на компанијата!
- Високо образование – Економски факултет
- Минимум 3 на иста или слична позиција
- Активно користење на англиски јазик
- Напредно користење на компјутер – MS Office
- Уверение за овластен сметководител
- Познавање и работа во SAP систем ќе се смета за предност
Способности и вештини:
- Организациски и аналитички способности
- Одлични комуникациски способности
- Проактивност и насоченост кон резултати
- Мотивирана и стабилна личност
Одговорности:
- Врши сметководствени операции во согласност со локалните законски/МСФИ барања и локалното даночно законодавство
- Евиденција и обработка на влезна и излезна докуменатција
- Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
- Изработка на извештаи и анализа на истите
- Врши контрола на трошоци и буџетирање
- Подготвување и реализирање на ДДВ пријави
- Сметководствени книжења согласно законски стандарди
- Следење и имплементирање на измени согласно законска регулатива
Што нудиме: одлични услови за работа, работа во интернационална компанија, работа во динамична атмосфера со можност за професионален развој
Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, сте флексибилни, спремни за учење и напредок во кариерата
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.