Vrabotuvanje.com - Инженер за планирање на лиени компоненти - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер за планирање на лиени компоненти

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Инженер за планирање на лиени компоненти (Production Engineer for single components) во Сектор за Инженеринг
 
 
Работни задачи и одговорности:
 
  • Инженерот е одговорен да планира инвестиции на опрема, капацитет на производството и координација на трансфер на нова опрема поврзана со лиење на пластика. 
  • Позицијата вклучува секојдневна комуникација во самата фабрика со oстанатите оддели како логистика, производство квалитет и други оддели како и глобално во самата групација со цел да се координираат потребните обврски околу планирање и извршување на секојдневните обврски.
 
Соогласно на тоа, листата на главни одговорности на позицијата е:
  • Планирање на капацитетот на машините и калапите за лиење на пластика
  • Планирање на идни инвестиции
  • Координирање на интеграцијата на нова опрема во фабриката
  • Координација на дислоцирање на алати кај достапни добавувачи
  • Техничка анализа на опрема (калапи со машина и периферија)
  • Планирање на паковање на лиените компоненти
  • Контрола на листата на материјали (BOM control) за лиени компоненти
  • Контрола на работните планови (routing control 
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС – (пожелно: Maшинство, Индустриско Инженерство, Инженерски Материјали)
  • Основно познавање на процесoт за лиење и дизајн на калапи за пластика ќе се смета за предност
  • Способност за работата со технички цртежи
  • Способност за планирање на капацитетoт на производство ќе се смета за предност
  • Познавање на статистички методи за контрола на процес (SPC, MSA)
  • Генерално познавање на автомобилската индустрија ќе се смета за предност
  • Способност за анализа на барањата на проект и проценка на ризици
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
  • Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност; 
     
 Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан; 
     
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Инженер за планирање на лиени компоненти (Production Engineer for single components) во Сектор за Инженеринг"преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Other amounts to 22.029 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more