Vrabotuvanje.com - Администратор за човечки ресурси и деловно работење - Скопје - СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Администратор за човечки ресурси и деловно работење

Скопје

Application deadline:

  • СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ

 
Студио Модерна Македонија со 20-годишно искуство и извонредни резултати во дејноста на продажба и дистрибуција, а со цел континуирана реализација на идните планови за развој на човечките ресурси има потреба од: Амбициозен/на, Ориентиран/на кон цели, со желба за Личен развоај 

 
Администратор за човечки ресурси и деловно работење
 
Идеалниот кандидат ќе биде одговорен за човечките ресурси во компанијата, адмистративно работење со сите потребни податоци, ефикасно водење и спроведување на активности во областа на човечките ресурси за потребите на компанијата и кадровска администрација.
 

Основни обврски:
  • Одговара за спроведување на кадровски и трудови политики и активности во согласност со стратегијата на компанијата. 
  • Врши оценка на потенцијални кандидати за вработување, дава мислење и препораки. 
  • Ја ажурира и одржува базата со потенцијални кандидати за вработување.
  • Обезбедува квалитетни услуги за вработените во врска со нивните права од работен однос за добивање на документи (договори за работа, потврди, решенија, одлуки, итн.), како и спроведување на точни административни постапки усогласени со закон и процедури.
  • Подготвува и доставува до претпоставениот разни анализи и информации во областите  за кои одговара.
  • Соработува со сите сектори во компанијата за да ги оптимизира резултатите во областа на човечките ресурси.
  • Обезбедува поддршка за секторите во врска со плановите и трошоците за нивната работна сила, обезбедувајќи ажурирани податоци, документи и информации од системот за човечки ресурси.
  • Обезбедува правна усогласеност на компанијата во врска со политиките и системите за управување со човечките ресурси.
  • Развива и дава препораки за подобрувања на процедури, правилници, стандарди, спецификации, методи и процеси во својата област.
  • Организира и управува со активности за прием и обработка на документи и ажурирање на податоци за вработените во системот, 
  • Организира прием и обработка на барања, молби, одлуки, решенија, налози, итн.
  • Комуникација со вработените заради проверка на успешното обавување на работењето на работното место;
  • Следење на правни регулативи потребни за работата на компанијата;
  • Има функција на канцелариски офицер и е задолжен за целокупното документациско архивирање и менаџирање на сите деловни процеси.
Потребни квалификации:
  • ВСС - за предност ќе се смета факултет од областа на правни науки, психологија или социјална работа и политика;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Добро познавање на MS Office пакетот;
Професионални знаења и способности:
  • Динамична личност со изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
  • Професионалност и дискретност;
  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за тимска работа;
Бенефиции:
  • Конкурентна плата 
  • Дополнителни награди
  • Соодветна IT опрема  
  • Обезбеден индивидуален план за тренинг и личен развој
  • Можност за напредување и зголемување на бенефициите


​Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.

За сите останати прашања поврзани со обработката на Вашите лични податоци, видете во Известувањето за приватност кое е во прилог на Огласот - https://www.topshop.com.mk/zastita-na-licni-podatoci , или контактирајте го Офицерот за заштита на личните податоци на dpo-mk@studio-moderna.com

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more