Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема.
- Минимум 3 години работно искуство во ракување со Багер гасеничар.
- Пожелно е да поседува Уверение за ракување со Багер.
Клучни одговорности и задачи:
- Ги извршува сите работи предвидени за соодветната машина со упатството и се грижи за редовно работење и функционирање на машината, како и редовна промена и контрола на уље, филтри, систем за ладење, мерни инструменти, подмачкување, чистење, притегнатост на одредени склопови, делови и друго и е одговорен за нивна доследна примена;
- Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на градежната машина со која е задолжен;
- Врши евиденција и потпишување на дневниот учинок на машината, применото гориво и го доставува до извршителот за експлоатација на на градежна механизација;
- Редовно да ја проверува машината пред нејзиното стратување и да ги пријави настанатите штети и недостатоци;
- Учествува во постапка на дефектажа на дефектите и нивно ефикасно отстранување и поправка;
- Компанијата нуди
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.
- Основна Нето плата без минат труд,прекувремени часови,додатоци и награди во висина од 18.590,00 денари.
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07:30 до 15:30 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748 и 071 227-218
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.