Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема.
- Пожелно е минимум 3 години искуство во ракување со грејдер.
- Пожелно е да поседува Уверение за ракување со Грејдер.
Клучни одговорности и задачи:
- Ги извршува сите работи предвидени за соодветната машина со упатството и се грижи за редовно работење и функционирање на машината, како и редовна промена и контрола на уље, филтри, систем за ладење, мерни инструменти, подмачкување, чистење, притегнатост на одредени склопови, делови и друго и е одговорен за нивна доследна примена;
- Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на градежната машина со која е задолжен;
- Врши евиденција и потпишување на дневниот учинок на машината, применото гориво и го доставува до извршителот за експлоатација на на градежна механизација;
- Редовно да ја проверува машината пред нејзиното стартување и да ги пријави настанатите штети и недостатоци;
- Учествува во постапка на дефектажа на дефектите и нивно ефикасно отстранување и поправка;
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.
- Основна Нето плата без минат труд,прекувремени часови,додатоци и награди во висина од од 20.000,00 денари.
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748 и 071 227-218
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.