Vrabotuvanje.com - Бизнис аналитичар - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Бизнис аналитичар

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Бизнис Аналитичар

  • Дали сакаш да бидеш централна точка помеѓу бизнис барањата и ИТ развојот?
  • Имаш искуство во развивање на бизнис барања и разбираш кои се вистинските потреби на бизнисот?
  • Сакаш да си во постојана комуникација со внатрешни и надворешни stakeholder-и?
  • Имаш желба да работиш во проекти водени според Agile Scrum методологија?

Ако твојот одговор е ДА, пријави се на отворениот оглас за Бизнис Аналитичар на Македонски Телеком АД кој е водечки национален телекомуникациски оператор и дел од Групацијата Дојче Телеком.

Потребни квалификации

  • Технички факултет – ИТ, Електротехника, Телекомуникации, Машински, Економски или останати факултети;
  • 1 година соодветно работно искуство (во одредени случаи во предвид може да се земе и неформалното работно искуство);
  • Познавање на бизнис аналитика;
  • Искуство во подготовка на опис на продукт кој треба да се развие и искуство во технички анализи на проекти;
  • Основно технолошко познавање (системска инфраструктура, сервери, интеграција, внатрешни legacy системи и др.);
  • Активно познавање на англиски јазик

Што очекуваме:

  • Ориентираност кон резултати
  • Способност за работа со кратки крајни рокови
  • Работа според Agile Framework и waterfall методологијата
  • Способност за водење и учество во повеќе проекти истовремено
  • Прилагодливост и флексибилност
  • Желба за континуирано учење и напредок

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата утврдена согласно интерните акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МКT

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за  - Бизнис Аналитичар

Огласот ќе биде објавен на ден 04.10.2021 година и ќе трае  до 15.10.2021 година

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more