Vrabotuvanje.com - Специјалист за договори и поддршка на кориснички проекти финансирани од фондови - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за договори и поддршка на кориснички проекти финансирани од фондови

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. 

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo лицe на работно место:

Специјалист за договори и поддршка на кориснички проекти финансирани од фондови

Одговорности

  • Подготовка на договори со корисници (корпоративен бизнис и јавни корисници), Договори за стратешко партнерство со производители на ИТ опрема и софтвер, дистрибутери на ИТ опрема, систем интегратори и други ИТ компании;
  • Следење на потпишувањето и реализацијата на договорите;
  • Давање правно толкување на законите поврзани со работата на B2B Областа и помош во процесот на креирање на соодветните акти на ниво на Компанија;
  • Давање поддршка во подготовката на проектната документација и деловна студија за кориснички проекти финансирани од фондови (ЕУ, Интернационални организации);
  • Активно учество во управувањето со корисничките проекти финансирани од фондови (ЕУ, Интернационални организации) и ја следење на нивната реализација

Што очекуваме:

  • Напредни комуникациски и презентациски способности;
  • Аналитички вештини и способност за решавање на проблеми;
  • Проактивност и корисничка ориентација;
  • Способност за убедување;
  • Способност за работа под притисок и кратки крајни рокови

Квалификации

  • Правен факултет -предност имаат кандидатите со мастер по Меѓународно право и меѓународни односи (300 кредити според ЕКТС);
  • 3-5 години соодветно работно искуство:
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на MS Office;
  • Напредно познавање на националната правна регулатива од областа на ИТ и телекомуникации;
  • Напредно познавање на ЕУ правната регулатива
  • Напредно познавање од областа на деловни студии и бизнис анализи

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Компетитивна плата согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање на Специјалист за договори и поддршка на кориснички проекти финансирани од фондови

Огласот ќе биде објавен на ден 04.10.2021 година и ќе трае  до 11.10.2021 година

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more