Тимот на KFC Македонија се шири на нова локација и сме во потрага по МЕНАЏЕР НА СМЕНА кој со својата ангажираност, обука и мотивирање на вработените ќе придонесе за одличен тим и одлично место за работа. Менаџерот на смена проактивно го поддржува целиот тим поради ефикасно работење на ресторанот притоа запазувајќи ги сите процедури и стандарди според кои работи КФЦ.
KFC Македонија вработува
раководител на смена
Место: Скопје
ОДГОВОРНОСТИ:
- Поддршка на менаџерскиот тим за следење и развивање на нови вработени преку тренинзи
- Успешно решавање на поплаките и прашањата на клиентите во согласност со политиката на компанијата
- Создавање на средина којашто е фокусирана на клиентите
- Максимизирање на продажбите во својата смена
- Контрола врз залихата и бројот на вработени во ресторанот
- Изготвување на извештаи после секоја смена
- Обезбедување максимална безбедност на своите вработени
- Oбезбедување непрекинато работење на ресторанот и распределување задачи меѓу вработените
- Контрола врз спроведувањето на процедурите за подготовка и складирање на производите
- Одржување уникатна атмосфера за нашите гости
КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено средно образование
- Минимум познавање на Microsoft Office
- Минимум познавање на англиски јазик
- Вештини за решавање на проблеми
- Способност да планира и евалуира процеси
- Способност за користење на сите расположливи ресурси за поголема профитабилност
- Проактивност и работа под притисок
ШТО НУДИМЕ НИЕ:
- Професионална обука
- Национална и меѓународна мрежа за кариера
- Можност за унапредување
- Конкурентна плата (со плаќање на прекувремени, ноќни и празнични дневници, минат труд и сите давачки согласно законот)
- Дневен бесплатен оброк и попуст од 20% на сите производи од компанијата
Заинтересираните кандидати е потребно да испратат CV на jobs@kfc-mk.com, со натпис “Менаџер на смена” до 19.10.2021.