Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на eлектронски печатени плочки
компанија која постои 40 години, со повеќе од 220 вработени, од кои над 100 се дипломирани инженери и извезува 100% од своето производство на странски пазари, опслужувајќи широк спектар на индустрии (Bosch, Siemens, Apple, Continental)
Hi-tech Corp. објавува
К О Н К У Р С
за вработување на повеќе лица на позицијата:
ИНЖЕНЕРИ ТЕХНОЛОЗИ
Потребни квалификации:
- Завршен технолошкo-металуршки факултет, со или без работно искуство (за предност ќе се смета работното искуство).
Работни задачи:
- Оперативни активности на назначениот процес
- Оптимизација и подобрување на работата на назначениот процес
- Активно следење на производниот процес
- Тимска работа во смена и координација со колегите од другите смени и оддели
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:
- Способност за следење на континуирани обуки, да се дисциплинирани, одговорни и посветени на работата
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
- Способност за работа во смени
Компанијата обезбедува:
- Организиран превоз од и до работното место
- Обуки
- Склучување на договор за работа
Кандидатите кои ги исполнуваат условите можат најдоцна до 31.10.2021 да достават кратка биографија – CV на е-маил: contact@hitech.com.mk
Ќе бидат разгледани само оние апликации кои содржат комплетни информации (адреса, телефон и датум на раѓање, фотографија, назив на фирмите и период во кој е стекнато претходното работно искуство, итн.) и скенирано уверение за завршено образование.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.