Vrabotuvanje.com - Специјалист за дигитален маркетинг - Скопје - НЛБ Банка АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за дигитален маркетинг

Скопје

Application deadline:

  • НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. 

Банката во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за развој на понуда и маркетинг и ви нуди можност за работа во динамична средина со можност за креативно изразување, стекнување на нови знаења и искуства како и можности за постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот на унапредување на маркетинг активности на банкарските продукти и услуги на Банката, конкретно во областа на Дигитален маркетинг, односно развој, унапредување и користење на нови современи дигитални алатки и канали на комуникација.

Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвиците, Ве покануваме да се пријавите на отворената работна позиција: 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

Твоите работни цели: 

  • Развој и имплементација на сеопфатна стратегија за дигитален маркетинг и подготовка на маркетинг кампањи на различни дигитални канали во согласност со генералниот маркетинг план на Банката;
  • Оптимизирање на дизајнот и креирање на маркетинг содржина (content marketing) во насока на генерирање на поголема свест за НЛБ Брендот и продуктите на Банката, привлекување нови клиенти и задржување на постојните клиенти;
  • Креирање и администрирање на содржината за веб страницата и социјалните мрежи на Банката;
  • Работа со SEO (Search Engine Optimization) и зголемување на сообраќај на веб страницата на Банката;
  • Планирање и контрола на маркетинг буџетот за дигитален маркетинг;
  • Анализирање на резултатите од ефикасноста на кампањите на различни дигитални канали за рекламирање;
  • Координација на работата со надворешни изведувачи во областа на дигитален маркетинг и контрола и управување со платформите од надворешните изведувачи;
  • Истражување на пазарот, следење и анализа на активностите на конкуренцијата и следење на најновите светски трендови за алатки, тактики и дигитални канали за комуникација; 
  • Приспособување и следење на стандардите за визуелна комуникација и графички имиџ на ниво на НЛБ Групацијата.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование; 
  • Претходно работно искуство во маркетинг сегментот од минимум три години, (препорачливо искуство од областа на дигитален маркетинг);
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување; 
  • Напредни комуникациски и организациски вештини; 
  • Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Твој мотив да ни се придружиш:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.
     

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк
со избирање на работната позиција или на nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 23.10.2021 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. 

НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more