Ариљеметал доо Скопје, фирма за производство и трговија со метални производи, бара:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН 1 (еден)
реон: Скопје
Одговорности и задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности;
- Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата;
- Познавање и постојано следење на каталогот и техничките карактеристики на производите;
- Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
- Изработка на потребна документација;
- Одговорна, мотивирана и стабилна личност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Флексибилност за работа на терен.
Квалификации:
- ССС;
- Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета како предност;
- Познавање на работа со компјутери;
- Поседување возачка дозвола Б-категорија (активен возач).
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови и сакаат да бидат дел од нашиот тим треба да достават:
Kратка биографија (CV) со наведување на позицијата за која аплицираат и скорешна фотографија, најдоцна до 05.11.2021 год. преку полето Брза Апликација.