Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Синцеритас АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • Синцеритас АД Скопје

 

 

Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
 
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

сИНЦЕРИТАС ад ИМА ПОТРЕБА ОД

сметководител

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Внес и евиденција на влезни и излезни фактури и денарски и девизни изводи од банка
  • Проверува дали сметководствените записи се евидентираат точно и во согласност со применетите сметководствени стандарди
  • Подготвува и проверува месечни/периодични извештаи и извештаи за финансиско управување на крајот од годината (CF, P&L итн.), споредувајќи ги со одобрен буџет
  • Развива, спроведува и прегледува сметководствените процеси за да се осигура дека се во согласност со меѓународните и националните политики, стандарди и регулаторни барања
  • Осигурува дека финансиските извештаи и билансот се подготвени навремено и прецизно
  • Учествува во изготвувањето на годишни финансиски извештаи во согласност со IFRS
  • Учествува во годишните пописи и дава поддршка на надворешните ревизори во процесот на годишна ревизија
  • Изготвува ДДВ пријава
  • Учествува во подготовка на плата и исплати на ЕПДД
  • Учествува во усогласување на финансиската состојба со клиентите
  • Други зададени одговорности поврзани со работната позиција во согласност со квалификации и образование

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, способности и вештини:

  • Диплома за завршен економски факултет, насока сметководството или поврзано
  • Потребен е сертификат за овластен сметководител
  • 5+ години искуство во сметководство
  • Познавање на МСС
  • Одлично познавање на даночна регулатива
  • Способност за брзо прилагодување и самоиницијативност, ориентираност кон детали,  висок степен на точност при работа со сложени податоци. Способност да работи во средина со постојано менување на роковите, приоритети и барања
  • Ориентиран кон постигнување резултати
  • Вештини за работа во Excel
  • Искуство со работа во ERP систем
  • Вештини за управување со време и следење на тековната состојба
  • Одговорен за постигнување резултати, се труди да ги исполни и надмине очекувањата
  • Одлични комуникациски вештини (усно и писмено презентирање)
  • Докажана способност за соработка во тимска средина при изработка на проекти
  • Добро владеење на англиски јазик (пишан и говорен)
  • Возачка дозвола - Б категорија


Позицијата е за канцеларијата во Скопје, со повремено патување во Росоман.

Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија на англиски јазик преку полето "Брза Апликација".

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more