Vrabotuvanje.com - Магационер - Свети Николе - ЛИОН ДОО Свети Николе
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Магационер

Свети Николе

Application deadline:

  • ЛИОН ДОО Свети Николе

Лион ДОО
има потреба од следната работна позиција:

МАГАЦИОНЕР
(1 ИЗВРШИТЕЛ)


​Цел на местото: Непречено извршување на функциите и надлежности од делокругот на Одделението, конкретно адекватно водење на магацинот.

Потребни работни услови:

  • Потребно искуство: Искуство со работа во магацин се смета за предност, но не е неопходно. Следи соодветна обука;
  • Образование: ССС/IV степен образование;
  • Почетна плата во зависност од искуството и знаењето од 18.000 до 25.000 денари;
  • Работно време во смени; од 06:00-14:00/14:00-22:00 часот.

Потребни специфични вештини и квалификации:​​

  • Основно познавање од областа на логистика, увоз и систем на набавки;
  • Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office;
  • Основно познавање на англиски јазик;
  • Прецизност, аналитичност и ориентираност кон резултати;
  • Одговорност во исполнување на зададените цели и работни задачи;
  • Високо развиени организациски вештини;
  • Педантност и прецизност во работата.

Клучни задачи и одговорности:

  • Одговорен за комплетно водење на магацинот и сите логистички функции поврзани со транспортот;
  • Ја планира, насочува и контролира работата на останатите вработени во магацинот;
  • Врши контрола и известува за квалитет и квантитет на складираните единици на магацинот;
  • Организирање на вршењето утовар и истовар на роба при прием и издавање во координација со останатите вработени во Одделението за набавка, увоз и логистика;
  • Одговорен за правилно одржување и складирање на постоечката роба во магацинот;
  • Одговорен за одржување и функционално користење на магацинскиот простор;
  • Го следи нивото на оптимални залихи на производи и грижа за оптимизација на работниот процес на магацинот;
  • Координација и контрола на сите нарачки за превземање и испорака;
  • Управување со сите безбедносни аспекти за адекватно обезбедување на магацинот и сите возила за превоз;
  • Комуникација, координација и контрола на сите нарачки за превземање и испорака;
  • Правење на планови за смени за сите вработени во магацинот;
  • Учествува во организирање на сите останати активности поврзани со магацинот, приемот и испораката на робата.


Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да се пријават со испраќање на своето CV преку полето Брза Апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more