Vrabotuvanje.com - Електротехничар - Свети Николе - ЛИОН ДОО Свети Николе
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Електротехничар

Свети Николе

Application deadline:

  • ЛИОН ДОО Свети Николе

Лион ДОО
има потреба од следната работна позиција:

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР - Асистент за сервис и одржување на машини во производство
(2 ИЗВРШИТЕЛА)


​Цел на местото: Уредно и правилно извршување на работни задолженија во делот на одржување и отстранување на дефекти на опремата со цел навремена санација и непречено извршување на производниот процес.

Потребни работни услови:

  • Искуство не е неопходно. Следи соодветна обука;
  • Образование: Средна стручна подготовка – машински/електро смер;
  • Почетна плата во зависност од искуството и знаењето од 18.000 до 25.000 денари;
  • Работно време по потреба во смени.

Потребни специфични вештини и квалификации:​​

  • Порактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Развиени интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
  • Конструктивен пристап кон работни задолженија;
  • Развиена способност за одржување на високо ниво на квалитет во работењето;
  • Техничко познавање на опремата во производниот погон.

Клучни задачи и одговорности:

  • Извршува работни задолженија кои што се однесуваат на отстранување на дефектите на машините, уредите и инсталациите во енергетскиот дел;
  • Активно учествува во средни и генерални поправки на машини и уреди;
  • Активно учествува во монтажа на нова опрема и изведување на нови инсталации, како и изработка на нови инсталации и изработка на нови разводни табли;
  • Ја одржува трафостаницата и доставува податоци до непосредниот раководител за електричното одржување и енергетика;
  • Навремено известува за потребните резервни делови и репроматеријали;
  • Извршува пренесување и складирање на потребните материјали, алати и уреди;
  • За потребите на компанијата учествува во останати технички работи во сите делови на погонот и објектот;
  • Учествува во одржување на инсталацијата за вода, техничка вода, пумпна станица и филтерна станица;
  • Учествува во одржување на пречистителна станица на отпадни води;
  • Одговорен е за следење и одржување на работата на компресорот за воздух и воздушната инсталација;
  • Извршува поправка на автоматиката, инсталацијата на струја, светлото и парната инсталација;
  • Извршува и останати работни задачи од својот делокруг на работа по налог на непосредниот раководител.


Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да се пријават со испраќање на своето CV преку полето Брза Апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Electrical Engineering amounts to 22.219 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more