Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - МЕЛМАКС БМ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • МЕЛМАКС БМ

Компанијата МЕЛМАКС БМ се занимава со дистрибуција и продажба на материјали за градежништво од земјата и од странство. МЕЛМАКС БМ е основана 1993 година и со своето професионарално работење успева да ја заземе водечката позиција во оваа дејност. Компанијата е лоцирана на две локации дирекција Порта Влае и склад во Визбегово што претставува и диструбутивен центар за испорака на материјали за нашите купувачи.

МЕЛМАКС БМ има потреба од

СМЕТКОВОДИТЕЛ
Локација – Порта Влае - Скопје

 
Потребни квалификации
  • Завршено високо образование од областа на економски науки,
  • Напредни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот,
  • Познавање на англиски јазик и регионални јазици (вербална и писмена комуникација),
  • Задолжително претходно работно искуство од три години во струката,
  • Солидно познавање и следење измени на домашната законска регулатива и релевантни сметковотствени стандарди,
  • Пожелно  поседување уверение за овластен сметководител 
 
Работни обврски 
  • Книжење на комплетна финансиска документација,
  • Калкулации, фактури, пописи, плт, девизни изводи,
  • Комуникација со сите релевантни државни институции,
  • Конфирмации на салда и сложување на аналитички картици со купувачи и добавувачи,
  • Асистирање во припрема на различна документација и координација на работата при разни ревизорски или инспекциски контроли,
  • Изготвување на ДДВ,
  • Изготвување на пресметка на данок на добивка,
  • Изготвување на плата и боледување по потреба,
  • Усогласување на ЕВТ со книговодствена состојба за продавница,
  • Проверка на точноста на почетната и крајна состојба на побарувања и залиха,
  • Пополнување и доставување на статистички извештаи.
 
Способности
  • Лојалност и чесност,
  • Организираност и одговорност,
  • Исполнителност и професионалност,
  • Прецизност и темелност,
  • Aналитичност и уредност,
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење.


Компанијата нуди обука на одбраниот кандидат, редовни месечни примања, одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим и можност за континуиран, професионален развој и напредување.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате горенаведените критериуми ве молиме испратете ја вашата кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација со предмет (subject) Сметководител. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more