За Микросам:
Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com
Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, објавува:
Oбуки за стручни квалификации на невработени лица за:
Металообработувачи
Монтери и сервисери на машини за производство
Обука за следните работни задачи за Металообработувачи:
- ракување со струг;
- управување со машина за брусење и полирање на метал;
- брусење и полирање на метални површини;
- управување со машина за обработка на метал и слични материјали- глодалка;
- управување со работата при обработка на делови со висока прецизност;
- спроведување технолошки постапки за обработка и избира технолошки режим и резен алат;
- читање на работилнички цртежи.
Обука за следните работни задачи за Монтери и сервисери на производство:
- разгледување и проучување на спецификациите за работа како работилнички цртежи и шеми потребни за склопување и монтирање на одредена машина;
- составување на делови и склопови од машини според конкретно дефинирани процедури;
- ја организира работата при монтажа и ја распределува работата на помошниците монтери;
- користење на специјална опрема и алат за работа;
- тестирање на машините и елиминирање на дефектите;
- водење на евиденција за работата во посебна документација.
Квалификации и компетенции:
- Минимум основно образование
- Да не е во работен однос
- Желба и одговорност кон работата
Што нудиме:
- Обуките се платени, во траење од 4 месеци
- Можност за вработување во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен и професионален тим со големо искуство
- Организиран превоз и храна
За повеќе информации и пријавување, контактирајте не на на следните телефонски броеви: 048 400 100 и 075 226 411.
Обуките се одржуваат во нашето седиште во Прилеп.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.