Vrabotuvanje.com - Бравари - Битола - Монтинг Инженеринг ДОО Битола
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Бравари

Битола

Application deadline:

  • Монтинг Инженеринг ДОО Битола

МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола е Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, како и услугите поврзани со нив. 

Челичната конструкција изработена во МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола ги исполнува највисоките критериуми за квалитет според EN ISO1090-2 EXC4 и EN ISO 3834-2, врз основа на што истата е погодна за извоз на пазарот на Европската Унија, означена со CE знак и декларација за сообразност.

Мисијата на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола е етаблирање во регионот како препознатлива компанија за метални конструкции и опрема, од проектирање, преку производство, до монтажа од страна на високо стручен тим, користејќи напредна технологија и практични искуства, како и водејќи сметка за зачувување на животната средина.

Основен показател за успехот на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола е брзиот и траен раст, постојаниот развој и динамичност. 

За компанијата дознајте повеќе на www.monting.mk и на нашата Facebook страна
 

Со цел да ги задоволиме потребите од зголемениот обем на работа, МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола објавува оглас за:

БРАВАРИ
 
 
Потребни квалификации и компетенции:
  • Способност за работа во производна хала
  • Способност за теренска работа на објект
  • Мотивираност за исполнување на зададените цели
Како предност ќе се смета:
  • Работно искуство во дејноста
  • Познавање на работилнички и технички цртежи
Работни задачи и одговорности:
  • Подготовка на работата во производната хала и на терен
  • Составување и монтирање на метални склопови
  • Брусење на позиции
  • Изработка на метални конструкции по нацрт
  • Грижа за техничките карактеристики на производите
  • Помош при утовар и растовар на материјали
  • Други помошни работи во производната хала и на терен
 
Што нудиме?
  • Вработување на полно работно време
  • Пријатна и динамична работна атмосфера 
  • Професионален кариерен развој
  • Континуирана обука и можност за напредок  
  • Работа со професионален тим со големо искуство во дејноста
  • Основна нето плата од 18.000 денари до 26.000 денари, во зависност од квалификациите на работникот
  • Додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, работа на терен, работна успешност 
  • Обезбеден топол оброк 

Начин на аплицирање:
Испратете CV преку полето Брза Апликација или јавете се на еден од следните телефони: 047 241 020 и ​075 827 539.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more