Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист

Скопје

Application deadline:

  • ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО Скопје

Трговско друштво за трговија, производство и услуги на големо и мало, ексклузивен застапник и дистрибутер на целата палета на производи под брендот Swisslion:
 
 
ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ
Има потреба од работници на работно место
 
КОМЕРЦИЈАЛИСТИ 2 (двајца)
за работа на домашен пазар
 
 
ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА СВИССЛИОН ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ има потреба од 2 (двајца) комерцијалисти за работа на домашен пазар, кои ќе работат со полно работно време од понеделник до петок, од 08 до 16 часот. 
 
 
Клучни одговорности и задачи:
  • Планирање и организирање на продажни активности - продажба на прехрамбени производи од асортиманот на работодавачот
  • Унапредување на продажбата 
  • Развивање и одржување на односите со клиенти
 
Потребни квалификации:
  • ВСС – Економски факултет
  • Претходно работно искуство од минимум 2 години во областа на продажба на прехрамбени производи
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Познавање на компјутерско работење (MS Office, Internet)
 
Очекувани вештини и способности:
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Организациски и аналитички способности
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Флексибилност за работа на терен
 
 
Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на позицијата.
 
 
Напомена: 
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
  • Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена од денот на завршување на огласот.
  • Траење на огласот и рок на пријавување 10 работни дена од објава на огласот.
  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
     

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more