Vrabotuvanje.com - Стручен соработник - Скопје - БЕЛУПО ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Стручен соработник

Скопје

Application deadline:

  • БЕЛУПО ДООЕЛ

БЕЛУПО Претставништво Скопје

 Распишува конкурс за следното работно место: 

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

 
Опис на работа:
  • Посетува лекари во здравствени институции и врши презентација и промоција на производите од портфолиото на БЕЛУПО
  • Посетува фармацевти и врши презентација и промоција на производите од портфолиото на БЕЛУПО, како и имплементација на определените комерцијални активности
  • Ја извршува дадената маркетинг стратегија и планираните промотивни активности со цел постигнување на определените продажни цели
  • Учествува во организација и подготовка на стручни настани (настани организирани од БЕЛУПО, конгреси, симпозиуми) и ги спроведува зададените активности на овие стручни настани
  • Учествува на обуки и континуирано го усовршува своето стручно знаење и продажни вештини
  • Одговара за унапредување на продажните резултати за територијата за која е надлежен
  • Одговара за исполнување на планот на продажба на производите на компанијата во рамките на делот на планот за територијата за која е надлежен
 
Лични карактеристики:
  • Комуникативност и тимска работа
  • Одговорност, систематичност, прецизност 
  • Енергичност и ефикасност
  • Самостојност и работа во рокови
  • Посветеност и подготвеност за понатамошен развој
 
Предност имаат кандидатите со следниве квалификации: 
  • Висока стручна подготовка
  • Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет 
  • Поседување на возачка дозвола / задолжително
 
Можности: 
  • Растечка компанија која нуди можност и за индивидуален раст и развој
  • Пријатна интерна средина која поддржува правичност и целосно почитување на секој поединец во компанијата
  • Континуирана инвестиција во едукација и кариерен развој
  • Одлични услови за работа
 
За компанијата:
БЕЛУПО е дел од водечките фармацевтски компании во регионот, која 50 години успешно работи, се модернизира и развива и во моментов е присутна на 19 Европски пазари.
 
БЕЛУПО континуирано вложува голема енергија, знаење и финансиски средства во развојот на висококвалитетни производи и активности кои го промовираат унапредувањето на здравјето и здравиот начин на живот. 
 
Преку основните вредности кои ги промовираме: доверба, страст во работата, задоволство и иновативност, создаваме пријатно работно место во модерна организација, со отворена комуникација која поттикнува креативност во се што работиме. 
 
Нашата сила се нашите вработени. Благодарение на нивниот ентузијазам, посветеност и лојалност Белупо континуирано се развива. Со Белупо во моментов живеат и работат околу 1400 вработени.

Ако сте заинтересирани, верувате дека преку индивидуално усовршување можете да допринесете во понатамошниот развој на компанијата и сакате да станете дел од нашиот тим, Ве молиме да го пратите Вашето CV и пропратно писмо преку полето Брза Апликација.

Контакт телефон: +389 2 2403783
www.belupo.hr

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more