Vrabotuvanje.com - Техничар во одржување (eлектро/машинско) - Штип - ИМАКО ВИНО ДООЕЛ Штип
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Техничар во одржување (eлектро/машинско)

Штип

Application deadline:

  • ИМАКО ВИНО ДООЕЛ Штип


Винарската визба Имако Вино, Штип со постојаниот раст од основањето во 2002 година до денес, прерасна во една од најголемите винарски визби во Македонија со годишно производство од над 10 милиони литри вино.

Имако Вино е модерна винарска визба која успешно ги комбинира современите технологии за производство на вино со креативност и знаење со цел да произведе квалитетни вина.

Вработување ХР Солутионс, за потребите на  
производството на Винарија Имако Вино во Штип бара 

Техничар во одржување (eлектро/машинско)


Со следниве главни задачи и одговорности:
  • Брза реакција, детектирање и отстранување на дефекти минимизирајќи го времето на прекин
  • Тековно и превентивно одржување на индустриски машини, снимање на податоци од неисправноста на машините 
  • Способност за  контрола и замена на мерни индустриски инструменти 
  • Подршка на инсталациите на опрема
 
Потребни способности и карактеристики: 
  • Електро/машински техничар со завршено ВКВ, ССС или БСС
  • Работно искуство од минимум 2 години (преферирано искуство во производствени индустриски капацитети)
  • Познавања од механика, пневматика, хидраулични системи
  • Познавања од нисконапонска индустриска електрика и електро системи
  • Тимски пристап во работењето како и индивидуално прифаќање на одговорностите
  • Самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата со интерес за подобрување
 
Компанијата нуди:
  • Долгорочна и стабилна работна позиција што вклучува 40 часа неделно работно време и со флексибилност на истото во перид на сезона, со конкурентен месечен надомест, можност за напредување и развој во организацијата.

Заинтересирани апликанти, ве покануваме да доставите ваша Професионална Биографија (ЦВ) на: regrutacija@vrabotuvanje.com.mk. За потребни дополнителни информации, слободно јавете се на 071 305 939, секој работен ден (понеделник – петок) од 08:00 до 16:00 часот.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес. 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Electrical Engineering amounts to 22.219 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more