Vrabotuvanje.com - Главен специјалист за големопродажба на нафтени деривати, масла и нафтено-хемиски производи - Скопје - ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Главен специјалист за големопродажба на нафтени деривати, масла и нафтено-хемиски производи

Скопје

Application deadline:

  • ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ГЛАВЕН СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ, МАСЛА И НАФТЕНО-ХЕМИСКИ ПРОИЗВОДИ 

 во одделот за големопродажба на нафтени деривати во „ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ Скопје

 

Основни работни обврски:

  • Привлекување клиенти, анализа и мониторинг на пазарот на големопродажба на нафтени деривати и масла;
  • Организирање на продажби на големо на нафтени деривати и масла, внесување во систем на податоците за клиентите, нивно ажурирање, следење на реализацијата на дневните испораки;
  • Организирање на набавки на масла, нивен увоз и царинење со обезбедување на целокупна документација. Снабдување на БС на Друштвото и клиенти и дистрибуција на асортиман од пакувани масла и формирање на цени за нив;
  • Учествува во формирање на план за набавка и испорака на нафтени деривати и масла на Друштвото (бензински станици и склад за нафтени деривати);
  • Подготовка и спроведување на тендери за купопродажба на нафтени и гасни деривати, масла и петрохемиски производи.

Потребни квалификации: 

  • Завршено високо образование (Економски факултет), работно искуство во областа на продажба на нафтени деривати, работа во секторот најмалку 3 години;
  • Познавање на англиски јазик и пожелно познавање на руски јазик;
  • Напредно и активно познавање и користење на Word, Excel;
  • Познавање на законски прописи поврзани со работење во трговија на големо, Закон за трговија и Закон за заштита на потрошувачи;
  • Поседување возачка дозвола.

Професионални знаења и способности

  • Ориентираност кон скратени рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено;
  • Одлични аналитички и комуникациски способности, прецизност, самостојност, уредност и одговорност;
  • Мотивирана и стабилна личност;
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа.
 
Сите заинтересирани треба да достават кратка биографија (CV), понова фотографија, фотокопија од диплома или уверение и препораки најдоцна до 03.12.2021 година.
 

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и сите апликации ќе се третираат со строга доверливост.
 
„ЛУКОИЛ Македонија“ ДООЕЛ Скопје го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more