
Техничар на координатна мерна машина
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Мерење на парчиња на координатна мерна машина со три оски (ЦMM) со цел одобрување на прото парчиња и одобрување на изработена серија во делот на производство.
- Навремено мерење како и соодветна реакција на неусогласености во производството согласно плановите за производство и монтажа.
- Обезбедување дека мерените/контролираните парчиња се во согласност со техничката документација.
- Ги идентификува неусогласеностите и го известува супервизорот/инженерот за квалитет
- Задолжен е за хигиената и одржување на соодветни услови за работа (температура и влага) на просторијата каде е поставена координатна мерна машина со три оски (ЦMM).
- Помага и го поддржува калибрирањето на мерната опрема во компанијата
- Дава поддршка при посетите на добавувачите и клиентите, учествува при проверките и ги следи корективните акции
- Ги утврдува алатите и уредите потребни за проверка. Креира постапки за влезна, процесна и финална контрола на сите компоненти и делови
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Средно или високо образование-машинска струка
- Претходно работно искуство на слична позиција
- Познавање на мерење и мерна опрема
- Преглед и ажурирање на техничка документација – технички цртежи
- Основно познавање на Excel
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.


