Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот тим.
Поради зголемен обем на работа LL GOURMET има потреба од вработување на:
Помошник/чка во кујна
Потребни квалификации:
- Завршено средно угостителско образование
- Самоиницијативност и креативност
- Тимски дух
- Високо развиена свест за лична хигиена
- Одговорност и совесност во извршувањето на работните задачи
Опис на работни обврски:
- Самостојно врши подготовка и изработка на слатки
- Врши контрола на потребните намирници за подготовка на слатките
- Дава предлози и креативни идеи за изгледот и изработка на слатките
- Ги почитува утврдените нормативи и дадени упатства за работа
На кандидатот му нудиме:
- Конкурентски месечни примања
- Работа во пријатна и организирана работна средина
- Можност за понатамошен професионален развој
- Организирана исхрана
Послужувачки во кантина
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование
- Самоиницијативност
- Тимски дух
- Високо развиена свест за лична хигиена
- Одговорност и совесност во извршувањето на работните задачи
- Претходно работно искуство во угостителска област ќе се смета за предност
Опис на работни обврски:
- Врши прием и послужување на храната во кантина согласно утврдените нормативи и дадени упатства за работа
- Соработува со останатите вработени во кантина
- Ги почитува правилата и процедурите за работа
- Се грижи за хигиената во кантината и ги почитува HACCP стандардите за безбедност и квалитет
На кандидатот му нудиме:
- Конкурентски месечни примања
- Работа во пријатна и организирана работна средина
- Можност за понатамошен професионален развој
- Организирана исхрана
Магационер
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Возачка дозвола Б категорија
- Организирана, одговорна и доверлива личност која е темелна во извршување на работните задачи
- Познавање на работа со компјутер
- Работно искуство во прехрамбена индустрија ќе се смета за предност
Опис на работни обврски:
- Врши прием и соодветно складирање на артикли во магацин
- Го евидентира приемот на артикли согласно утврдените процедури за работа
- Врши издавање на артикли согласно потребите
- Ги следи роковите на артиклите согласно FI-FO стандардите
- Ги почитува хигиенско-санитетските правила и се грижи за уредноста и подредувањето на артиклите во магaцинот
- Врши евиденција на следливост на сите комори
- Извршува и други работни задачи во и околу магацинот по потреба
На кандидатот му нудиме:
- Конкурентски месечни примања
- Работа во пријатна и организирана работна средина
- Можност за понатамошен професионален развој
- Организирана исхрана
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил vrabotuvanje@llgourmet.mk со назнака за која работна позиција аплицирате.