УНИОР МАКЕДОНИЈА се залага за вредностите кои ја прават нашата компанија она што е: блиска до клиентите, иновациите, перформансите и сигурноста.
Нашето ветување се заснова на овие вредности: tools for life – доживотна гаранција на рачниот алат.
На сите наши корисници, каде и да се, УНИОР МАКЕДОНИЈА нуди вистинско решение за постигнување одлични резултати.
Ние секогаш се фокусираме на барањата на корисниците и ја нудиме најдобрата услуга.
Препознатливи сме по навременоста, прецизноста флексибилноста, професионалниот тим врз основа на кои развиваме интелигентни решенија базирани на потребите на клиентот.
Заради овие вредности многу корисници од трговската мрежа и индустријата – лидери во својата област – го препознаа квалитетот и станаа задоволни корисници на УНИОР рачниот алат.
Ве очекуваме, аплицирајте и бидете дел од нашиот тим !
АДМИНИСТРАТОР ЗА ФИНАНСИИ
Локација: Скопје
Краток опис на работна позиција :
- Изготвување на фактури;
- Евидентирање и контрола на излезни и влезни фактури;
- Евидентирање на основни средства;
- Евидентирање на изводи од банкарски сметки;
- Водење на благајна;
- Сложување на картици со добавувачи;
- Изготвување на конфирмации.
Барања за позицијата :
- ВСС - Економски Факултет;
- Претходно работно искуство минимум 3 години;
- Познавање на англиски јазик;
- Искуство со работа на компјутер (Microsoft Office, Internet);
- Одговорност, комуникативност и способност за работа во тим.
Доколку сте заинтересирани Ве молиме испратете CV или пријавете се преку полето Брза Апликација.