За компанијата: Прилепска пиварница А.Д. Прилеп со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година па до денес, постојано го подобрува квалитетот на своите постојни производи и создава нови, Заштитен знак на „Прилепска Пиварница“ е високо квалитетно пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па се до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е „Прилепска Пиварница“.
,,Прилепска Пиварница“ произведува и освежителен газиран безалкохолен пијалак Газоза. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска Пиварница“ ги полни пијалаците на „Pepsi Cola International“: Pepsi, Pepsi Lime, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.
Прилепска пиварница А.Д. Прилеп има потреба од:
Хорека менаџер - 1 (еден) извршител на определено време – за Штип
- Завршено средно и високо образование
- Искуство на иста работна позиција ќе се смета за предност
- Одговорност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Возачка дозвола Б категорија
- Врши посета на купувачи во определен реон
- Презема маркетинг активности во делот на ХОРЕКА за унапредување на продажбата и подобрување на присутноста на брендовите
- Развој и имплементација на ексклузивни маркетинг програми за конзументите и купувачите во угостителските објекти
- Се грижи за позиционираноста како и изгледот и состојбата на рекламните материјали во објектите
- Планира, подготвува и имплементира клучни бренд – активности за купувачи во согласност со стратегијата на ХОРЕКА тимот
- Прави сегментирана (по дејност, по објекти, по потрошувачка на видови производи, по возраст итн) „ карта „ на својот терен
- Води и управува со проекти согласно планот за бренд-активностите
- Прави истражување на пазарот (анкети, сондирања итн) ги оптимизира маркетинг-програмите за да обезбеди поголема ефикасност
- Во соработка со Лидерот на тим комерцијалисти и претпоставените го планира развојот на определена територија, отстранување на евентуални проблеми, одредување на приоритети.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат преку полето Брза Апликација со назнака Хорека менаџер најдоцна до 14.12.2021