Vrabotuvanje.com - Пожарникар - обезбедувач - Прилеп - Прилеп - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Пожарникар - обезбедувач - Прилеп

Прилеп

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува

О Г Л А С

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 3 (три) месеци, на работно место пожарникар - обезбедувач во Единица за заштита од пожари и приватно обезбедување во Склад Прилеп - Прилеп во Сектор за безбедност во Дирекција за големопродажба.


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование – техничка насока;
  • Лиценца за физичко обезбедување;
  • Со или без работно искуство;
  • Уверение за стручно оспособување за пожарникар.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 19.000 денари.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа,  се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
 
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
 
Писмо за мотивација;
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
 
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 
лице за контакт: Симе Манчески
телефон за контакт: 02/3146-532
 
 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Security amounts to 22.035 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more