Vrabotuvanje.com - Електротехничар – енергетичар во оддржување - Охрид - ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Електротехничар – енергетичар во оддржување

Охрид

Application deadline:

  • ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ

Друштво за производство и услуги ЛТХ ЛЕАРНИЦА ДООЕЛ Охрид во Северна Македонија е основана во 1961 година и се приклучи на LTH Castings Group во 2005 година. Почнувајќи од 60-тите години како снабдувач за автомобилската индустрија на поранешна Југославија, покривајќи различни категории на делови и материјали, компанијата еволуираше во структуриран и економичен производител на алуминиумски компоненти, базиран на техничко знаење на стручни кадри.

Вработување ХР Солутионс, за потребите на  ЛТХ Леарница бара искусни кадри за позицијата:

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР – ЕНЕРГЕТИЧАР ВО ОДДРЖУВАЊЕ
(1 работно место – Охрид)

Главни обврски и одговорности:

  • Поврзување на машини на интерната електрична инсталација
  • Периодични и превентивни прегледи и поправки на електричните и електронските уреди, опремата за работа и нејзините составни делови
  • Монтажа на електро-опрема; ремонт на машини
  • Уредување на документацијата и дополнување на шемите на струјните кола при промени и додатоци во електро-опремата и инсталациите
  • Почитување на прописите од областа безбедност при работа и животна средина
  • Тимски пристап во работењето како и индивидуално прифаќање на одговорностите
  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
  • Желба за едукација и надградба
  • Способност за извршување на работни задачи врзани со рокови


Очекувани квалификации, потребни знаења и вештини: 

  • Завршено Средно Образование  (електро техничар, енергетичар)
  • Потребно е предходно работно искуство минимум 2 години (пожелно во индустриски капацитети)
  • Основно познавање на работа со компјутер и англиски јазик
  • Способност за работење во рокови со потребна прецизност
  • Про активен пристап и посветеност кон работата


Ние Нудиме:
Долгорочни и стабилни работни позиции со конкурентен месечен надомест, можност (преку развојни програми на кадри) за обуки во земјата, онлајн и во странство и едукација и размена на инженерски кадар низ цела групација. Покриени се трошоци за превоз до и од работа за над 3 км оддалеченост, обезбеден е топол оброк, приватно здравствено осигурување после 2 години континуирано работење и други поволности и бенефиции, согласно ЗРО и интерните политики на компанијата.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација со ажурирана Биографија преку полето Брза Апликација, со назнака за која позиција аплицирате: „Електротехничар – енергетичар во оддржување“.

Апликациите ќе се прифаќаат до 25.12.2021.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Electrical Engineering amounts to 22.219 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more