Продолжете да се развивате со ПроКредит Банка
Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на нашата компанија, и сте љубопитни за другите земји и култури
ПроКредит Банка вработува:
Стручен во оддел за спречување перење пари и финансирање тероризам во Централната Управа во Скопје
Потребни вештини/знаење:
- Работно искуство од минимум 2 години во банкарскиот сектор, пожелно во полето на спречување перење пари и финасирање тероризам; познавање на домашната и меѓународната регулатива во областа на СПП и ФТ
- Завршено високо образование
- Одлично познавање на англиски јазик
- Способност за тимска работа и работа под притисок со крајни рокови
- Способност за решавање проблеми и можност за самостојно работење без надзор од претпоставен
- Одлични интерперсонални способности, со можност за лесна и ефикасна комуникација на сите нивоа
АПЛИЦИРАЈТЕ!
Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Воедно во електронската пријава во делот за мотивациско писмо треба да ги наведете Вашите амбиции за аплицирање, а кои ќе бидат во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (
www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (
www.procreditbank.com.mk).
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување.