LPP е интернационлна компанија која над 20 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.
“Нашиот тим го сочинуваат над 25000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”
Нашата моментална мрежа од околу 1700 продавници во Европа, Азија и Среден Исток, а од неодамна и дел од македонскиот пазар. Во моментот имаме отворена позиција:
Store Manager (Менаџер на продажен објект)
Локација: East Gate - Скопје
Основни одговорности
- Секојдневно организирање на работи активности вo продажен објект
- Одговорен за вработените во продажниот објект: Грижа и евиденција на работно време на вработените; Учество во процес на селекција и регрутација на својот тим; Унапредување на вештини и знаења на вработени; Поддршка и негување на тимски дух
- Активно спроведување и следење на компаниски процесите, кодекси и дефинирани стандарди од страна на Работодавачот; имплементација и на процедури согласно законските прописи
- Одговорен за работни резултати, следење на истите и активна имплементација на сите планирани активности со цел постигнување на планирани продажни цели
- Следење на залиха на роба и управување со процес на прием и поврат на роба
- Грижа и одговорност за дневниот пазар, одговорен за состојбата на благајна каса и трезор
- Работа и наплата на каса
- Грижа и одржување на високи стандарди на услуга на клиенти, изгледот и хигиената на објектот
Што очекуваме
- Степен на образование – ВСС
- Релевантно професионално искуство на иста или слична позиција во текстилна индустрија
- Одлични комуникациски вештини
- Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим
- Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели)
- Задолжително е познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
- Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
Ние Ви нудиме
- Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија
- Динамична работна средина
- Можност за кариерен раст и развој
- Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити
- Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
- Можност за развој и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови
За аплицирање проследето го вашето CV на англиски јазик преку полето Брза апликација или на мејл: recruitmentmacedonia@lppsa.com, најдоцна до 18.01.2022.
Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.
Дознајте повеќе за нас на www.lppsa.com