Vrabotuvanje.com - Шеф на кујна - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Шеф на кујна

Ресорт Маврово, с.Маврово

Application deadline:

  • Ресорт Маврово

Ние сме планински ресорт, едно сме со природата, работиме и живееме за планината. Нашите гости се наше најголемо богатство и наша мисија е нивната среќа. Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.

Нашите вработени се нашето лице на љубезност, гостопримство и беспрекорна услуга поради кои, гостите доаѓаат како гости, а си заминуваат како наши пријатели.

Ресорт Маврово вработува
ШЕФ ВО КУЈНА

 
 

Работни одговорности на Шеф на кујна во Ресорт Маврово ДОО:

  • Го организира процесот на работа во кујната;
  • Ја организира и контролира работа на персоналот.
  • Се грижи за постигнување на бараниот квалитет на производот и стандардите за презентација на сета храна што се служи во хотелите;
  • Го контролира квалитетот на производите, менувањето на залихите, квалитетот и количината на набавките, цената на чинење на порцијата, со цел да се постигне повисок профит;
  • Одговорен е за прием и правилно чување на потребните прехранбени производи и други материјали.
  • Планира и асистира во пресметката на трошоците поврзани со кујна и врши попис на кујна секој месец;
  • Врши редовна проверка на инвентарот на кујната и одговара за неговата точност.
  • Се осигурува дека кујната работи согласно законски пропишаните минимално - технички услови за работа, т.е., согласно пропишаните здравствени, санитетски и технички безбедносни услови за работа;
  • Подготвува шведска маса, пансионски оброци за гостите, оброци за вработените на хотелот, подготовка на a la carte храна ;
  • Подготовка на јадења со месо подговтени на скара и соодветни сосови;
  • Се грижи за одржување на хигиената во кујната и за личната хигиена на вработените во неа;
  • Врши контрола на техничката исправност на уредите во кујната;
  • Одговара за материјалното и финансиското работење на кујната.
  • Соработува со менаџерот на ресторанот за подготовка на список на јадења и мени карта;
  • Активно учествува во професионалното екипирање во кујната;
  • Врши постојано обучување на персоналот во кујната согласно пропишаните стандарди и ја унапредува и одржува позитивната тимска работа;
  • Ги извршува административните должности кои ги бара политиката и процедурата на работењето во хотелот (изработка на периодични и месечни извештаи за работењето, оценка за остварените работни резултати на персоналот во кујната).

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Организациски, менаџерски и лидерски вештини;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата;
  • Лојалност и чесност;
  • Способност за градење на тим;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик и носи брзи правилни одлуки;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и спретност;
  • Педантност во работатa.

Потребни квалификации и одговорности:

  • Потребно е работно искуство од мин. 4 години како Шеф на кујна;
  • Добро познавање на македонска и странски кујни;
  • Претходно работно искуство во хотел ќе се смета за предност;

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Сместување и 3 оброци;
  • 4 - 8 слободни денови во месецот и подмирени трошоци за превоз;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Можност за напредок, награди и бонуси;
  • Обуки и тим билдинг активности;
  • Можност за користење на теретана и спа центар, бесплатна карта за жичарница.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV, Мотивационо писмо, Диплома од последно завршено образование, Сертификати соодветни за работната позиција, Препораки од претходни работодавачи) на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете „Шеф на кујна“.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 05.02.2022

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Tourism (HoReCa) amounts to 20.094 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more