Vrabotuvanje.com - Машински инженер (Одржување) - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Машински инженер (Одржување)

Скопје

Application deadline:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје


Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
 
 
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
 
За потребите на нашето производство, односно проширување на нашиот тим за Машинско и електро одржување, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:
 
Машински инженер (Одржување)
 
Клучни одговорности:
  • Одговорен за обезбедување точно планирање на работните налози за одржување согласно политиката за ARP, на безбеден, економичен и ефикасен начин
  • Обезбедува технички совети и поддршка на менаџерите на единиците во производството за сите прашања поврзани со одржувањето
  • Учествува во ремонт на линиите на кои работи
  • Анализа на работните барања и распределување на материјали, опрема и работна сила (односно нацрти, алатки, делови, мајстори, вештини, дозволи) со цел безбедно, економично и ефикасно да се заврши работата
  • Организирање на ажурирање на документацијата: документи, цртежи, историја на одржување
  • Подготовка на документација од аспект на безбедност: работни дозволи, план за превенција, анализа на ризик, животна средина, комунални услуги, пристап
  • Одржување и издавање на барања поврзани со работниот налог
  • Одржување и издавање на резервација на материјали и резервни делови
  • Издавање добра (резервни делови и потрошен материјал) и логистика на работен налог
  • Управување со резервни делови со  подолг период на испорака (врз основа на стратегии за испорака)
  • Утврдување на планираните трошоци
  • Одржување и користење на архива на стандарди за одржување
  • Следење на достапноста и напредокот на потребните ресурси за работа
  • Надзор на изведбата на репарации и одржување по сетови
  • Издавање материјал по работен налог (резервни делови и опрема кои можат да се поправат)
  • Изготвување работни налози за поправка и пренесување на резервниот дел од магацинот до линијата
  • Обезбедување прием и издавање на репарираната стока
 
Личен профил:
  • ВСС
  • Добро познавање на техничките стандарди
  • Работно искуство од мин. 5 години
  • Способности за анализа и синтеза
  • Комуникација и тимска работа
  • Стратешко размислување
  • Одлично познавање на англиски јазик
 
Што нудиме:
Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОДРЖУВАЊЕ.
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more