Nomad Foods е европска водечка компанија за замрзната храна и една од најголемите во светот. Портфолиото на одличните брендови на компанијата кое ги вклучува Birds Eye, Findus, Iglo а од неодамна и Ledo и Frikom со генерации им служи на локалните европски пазари и се залага за храна која е со одличен вкус и висок квалитет.
Како дел од семејството Nomad Foods, компанијата ФРИКОМ Београд ДООЕЛ, објавува оглас за вработување на персонал за територијата на град Скопје, Битола и Струмица за следната позиција:
МЕНАЏЕР ЗА КЛУЧНИ КУПУВАЧИ/KEY ACCOUNT MANAGER
- Високо образование
- Работно искуство од минимум 2 години во областа
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б – категорија
- Анализирање на податоци, истражување и препознавање на потребите и можностите кај клучните купувачи со цел реализација на деловната стратегија на компанијата.
- Воспоставување, изградување и одржување на односи со главните купувачи.
- Договарање на соработка, преговарање за условите на соработка, одлучување за потпишување на договори, спроведување комерцијални понуди и маркетинг активности за клучни купувачи.
- Врз база на спроведената анализа на потенцијалот, потребите и можностите, продажните резултати во претходниот период и продажните цели на компанијата развивање вкупен план на продажба по клучни купувачи за тековната година.
- Презентирање годишен план за продажба и маркетинг активности према клучните купувачи
- Врз база на целокупниот план за продажба во тековната година изработување план за продажба по месеци/квартали и понуди за клучни купувачи.
- Редовно информирање за превземени продажни и маркетинг активности и за постигнати резултати (месечно).
- Комуникациски вештини
- Продажни и преговарачки вештини
- Презентациски вештини
- Способност за решавање на проблем
- Тимска работа и соработка
Вашата професионална биографија можете да ја доставите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата оглас за „ Key Account Manager“.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!