Започни ја својата кариера во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Придружи му се на тимот како Инженер на тренинг (Engineer on Training)
КОСТАЛ е германска компанија која е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ MAКЕДОНИЈА во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност за почеток на вашата кариера во автомобилската индустрија?
Од успешното започнување со работа на фабриката, па се до денес, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е отворен за соработка со студенти од техничките факултети, кои ќе се приклучат на тимовите во нашата Компанија.
Ние поттикнуваме средина за учење која помага да се подготвите и да напредувате во индустријата за производство на автомобилски компоненти. Нашата програма за менторство ги поврзува инженерите на тренинг со искусните членови на тимот за да ви помогне да ги развиeте вашите професионални вештини и полесно да ги достигнете поставените кариерни цели.
Кој може да аплицира:
- Електро или Машински Инженери или соодветно друго високо техничко образование, дипломирани во периодот 2020 - 2022 година;
- Напредно познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint);
- Одлично познавање на Англиски јазик (чита, говори, пишува).
- Познавањето на Германски јазик ќе се смета за предност;
Што нудиме:
- Конкурентни месечни примања за инженери на тренинг;
- Приватно здравствено осигурување;
- Обезбеден надомест за сместување;
- Превоз од Охрид / Струга / Ресен / Битола до КОСТАЛ Македонија, и обратно
- Исхрана во фабричката кантина;
Планиран почеток на програмата
КОСТАЛ Македонија нуди пријатна работна средина во брзорастечка компанија која се придржува до највисоките меѓународни корпоративни и управувачки практики.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со наведување "Инженер на тренинг (Engineer on training)" во насловот на пораката, и тоа преку преку полето Брза Апликација.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.