Vrabotuvanje.com - Раководител на одржување - Скопје - dssmith
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на одржување

Скопје

Application deadline:

  • dssmith
 

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, пластика и хартија. Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.
 
Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com
 
DS Smith Скопје вработува:
Раководител на одржување
 
Потребни квалификации:
  • ВСС – Машински факултет 
  • Поседување на минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Активно користење на англиски јазик
  • Познавање на користење на компјутер – MS Office
  • Поседување на возачка дозвола Б – категорија
 
Потребни способности и вештини:
  • Одлични организациски и комуникациски  способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Иницијативност и посветеност кон резултати
  • Способност за поставување на приоритети и работа во дадени рокови

Работни задачи и одговорности:
  • Контролира и дава стручна помош при воочени неправилности од доменот на одржувањето во производниот процес  
  • Детектирање и организација за отстранување на машински дефекти на производствени машини
  • Дефинирање на работните задачи и роковите за реализација
  • Планирање, раководење и контрола на потребните ремонти
  • Развивање на планови и имплементација на нови методи со цел подобрување на работењето и  намалување на трошоци
  • Поставување на планови за превентивно одржување на машини 
  • Следење на процедури за безбедност и здравје при работа
  • Управување и развој на тим 
  • Учење на нови процеси
 
Што нудиме: работа во интернационална компанија, во динамична атмосфера, со можност за персонален и професионален развој.
 
Сите заинтересирани кандидати кој ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Брза Апликација  не подоцна од 31.01.2022
 
Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more