Сместен во Градскиот Парк на Скопје, Parkland Hospitality Group - Park Hotel & Spa обезбедува услуги по највисоки светски стандарди и соодветно на своите пет ѕвезди има потреба од ангажирање на персонал и проширување на својот тим.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми, аплицирајте за работа на следната работна позиција:
Магационер
Сектор: Набавка и логистика
- Врши прием и складирање на порачаните стоки во главниот магацин.
- Води евиденција за видот, квалитативното и квантитативното прифаќање на пристигнатите стоки и за отстапување од нивната количина, квалитет, оштетување и визуелни недостатоци.
- Го организира процесот на складирање и класификација на стоките.
- Врши издавање на стоки од главниот магацин до сите сектори.
- Ги следи, сигнализира и реагира за рокот на траење на стоките во главниот магацин.
- На крајот на секој календарски месец врши попис на залихите.
- ССС
- Потребно е најмалку една година искуство на иста или слична работна позиција
Заинтересираните кандидати може да аплицираат преку полето Брза Апликација со назнака на позицијата за која аплицираат.