Vrabotuvanje.com - Соработник за техничка поддршка - Скопје, Илинден - Кам маркет
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Соработник за техничка поддршка

Скопје, Илинден

Application deadline:

  • Кам маркет

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа. 
 
Бараме амбициозни вработени и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на тимот во сектор ИТ, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:

СОРАБОТНИК ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Ваши задачи:

  • Поставува и инсталира компјутерска, мрежна и останата ИТ опрема во Дирекција/маркети;
  • Инсталира и параметризира оперативни системи и системски софтвер во Дирекција/маркети;
  • Инсталира и параметризира апликативен софтвер и софтверски модули во Дирекција/маркети;
  • Дијагностицира и решава технички проблеми кај ИТ системите во Дирекција/маркети;
  • Ја одржува мрежната инфраструктура во Дирекција/маркети;
  • Води евиденција за постоечкиот хардвер и негова амортизација;
  • Врши планирање на набавка на резервни делови;
  • Се грижи за сервисирање на опремата во гарантен и вонгарантен рок.

Вашиот профил:

  • ССС (средно образование);
  • Работно искуство минимум  1 година, пожелно во областа;
  • Аналитичен, ориентиран кон успех;
  • Одлично познавање на техничкиот (стручниот) дел од работењето; 
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
  • Способност за разрешување на проблеми; 
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.

Ние Ви нудиме: 

  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи;
  • Почетна загарантирана нето плата од 25.400 денари за првите два месеци, од  третиот месец нето плата до 34.000 денари; 
  • Исплата на регрес во износ три пати повисок од законски пропишаниот;
  • Слободен ден за роденден;
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;  
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден;
  • Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;  
  • Работа во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици  и стекнување нови искуства и вештини.
 
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или електронски преку полето Брза Апликација.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет страница
 
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more