Vrabotuvanje.com - ИТ специјалист - Скопје - МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ИТ специјалист

Скопје

Application deadline:

  • МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ

 
Макстил АД Скопје (www.makstil.com) како компанија постои повеќе од 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.
 
Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.
 
Во моментов, во рамки на нашиот Сектор за информатички технологии отворено е следното работно место:
 
ИТ специјалист (со искуство)
 

Работни задачи:
  • Работа во делот од административни апликации - Финансово, Набавки, Магацинско, Комерција, Човечки ресурси, Плати
    • Организација на развојни и одржувачки активности поврзани со ЕРП апликацијата – административни апликации
    • Правење детална бизнис анализа на процесите и изработка на детална спецификација
    • Имплементација на промени, дебагирање, тестирање на нови софтврески апликативни решенија
    • Обука на крајни корисници
  • Изработка на квери, извештаи и апликациски форми на Oracle;
    • Познавање на SQL и PL/SQL
  • Админстрација на Oracle база на податоци
  • Работа во Oracle Apex  и одржување на веб базирани системи
  • Поддршка на корисниците на највисоко ниво
  • Сетирање на мрежни домеински параметри кои имаат импликација на апликативното работење
  • Основно познавање на Windows и  Linux околина, системски команди и креирање batch фајлови

ИТ специјалист (без искуство)

Работни задачи:

  • Работа во делот од административни апликации - Финансово, Набавки, Магацинско, Комерција, Кадрово, Плати
    • Организација на развојни и одржувачки активности поврзани со ЕРП апликацијата – административни апликации
    • Правење детална бизнис анализа на процесите и изработка на детална спецификација
    • Имплементација на промени, дебагирање, тестирање на нови софтврески апликативни решенија
    • Обука на крајни корисници
  • Изработка на квери, извештаи и апликациски форми на Oracle;
    • Основни Познавање на SQL
  • Поддршка на корисниците на највисоко ниво
  • Сетирање на мрежни домаински параметри кои имаат импликација на апликативното работење
  • Основно познавање на Windows и  Linux околина, системски команди и креирање batch фајлови

Основни квалификации:

  • Завршено ВСС на факултети специјализирани за информатичка технологија
  • Работно искуство
    • Минимум две години работно искуство во областите наведени  погоре за првиот оглас
    • Без работно искуство за вториот оглас
  • Пожелно возачка дозвола
  • Добро познавање на англиски јазик - читање и пишување.

Дополнителни квалификации

  • Способност за управување со повеќе активности истовремено, изразени комуникациски способности, тимска работа, транспарентност, непосреден пристап до сите вработени
  • Иницијативност, тактичност, креативност, доверливост, способност за планирање и одлучување.

Што нудиме

  • Динамична работна средина;
  • Можност за личен и професионален развој;
  • За кандидатите со искуство месечна нето плата од 50.000-55.000 денари, во зависност од познавањето и искуството, со можност за брз напредок
  • За кандидатите без искуство месечна нето плата од 35.000-40.000 денари, во зависност од познавањето, со можност за брз напредок

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат преку полето Брза Апликација, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 7-ми февруари 2022 година.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more