Финансиско друштво ДИЏИТАЛ ФАЈНАНС ИНТЕРНЕШНАЛ ДООЕЛ Скопје
Digital Finance International (DFI) е финансиска институција во рамките на Finstar групацијата и нуди широк спектар на производи за кредитирање и услуги на пазарите ширум светот, а посебно се фокусира на пазарите во земјите во развој, со цел да излезе во пресрет на финансиски потреби на клиентите од тие делови на светот.
КОНСУЛТАНТ ЗА ЗАЕМИ
Краток опис на работната позиција
Во потрага сме по амбициозни кадри кои ќе ја преставуваат нашата компанија во експозитурите и контакт центарот. Тие ќе бидат врска меѓу компанијата и нашите клиенти. Главна цел на успешниот кандидат е со секоја своја одлука и работна активност да создаде задоволен клиент.
Одговорности:
Управување со телефонски повици појдовни и дојдовни во рамките на call центарот;
Да се идентификуваат потребите на потенцијалниот клиент и да му се понуди најдобро решение
Да се информираат најтранспарентно клиентите за сите детали на производите кои ги нудиме
Исполнување на зададени таргети за продажба
Образование и вештини кои ќе се сметаат за предност:
Искуство во финансиска инститција
Минимум средно образование
Високи комуникациски вештини
Работа во CRM системи и WEB апликации
Прилагодливост
Способност на ефикасен time менаџмент
Брзо учење
Комуникативна, одговорнам прецизна и продажно ориентирана личност
Преговарачки вештини
Компанијата нуди:
Позитивна, динамична и мотивирачка работна средина
Можности за професионални и едукативни обуки
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да придонесе за мотивирана и проактивна организациска култура, Ве молиме испратете Ваша кратка биографија преку полето Брза Апликација.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!