Vrabotuvanje.com - Виши Соработник за планирање на радио и микробранова мрежа - Скопје - Македонски Телеком АД-Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Виши Соработник за планирање на радио и микробранова мрежа

Скопје

Application deadline:

  • Македонски Телеком АД-Скопје

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. 

Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo лицe на работно место:

Виши Соработник за планирање на радио и микробранова мрежа

Одговорности

  • Исполнување на таргетите за квалитет на радио мрежа со цел овозможување на високо квалитетна услуга на крајните корисници;
  • Планирање на радио и антенски параметри и податоци заради остварување на планираната имплементација на нови базни станици и надградба на постоечки со нови капацитети и технологии;
  • Планирање на радио параметри и податоци  заради ре-фарминг, т.е пренамена на постоечки фреквентни опсези и имплементација на нови технологиии (пр. 5G NR );
  • Проверка на нови локации за базни станици со алатките за планирање заради утврдување на погодноста на локациите при имплементација на планот за развој на радио мрежата;
  •  Планирање и конфигурирање на микробранови линкови за оставарување на пренос за базни станици и други фиксни услуги;
  • Следење и репортирање на 2G/3G/4G/5G покривање заради планирање на развојот на радио мрежата, јавно објавување на мапите на покривање, како и доставување на мапи и процент на покриеност до АЕК;
  • Придонес во изготвувањето на годишниот план за развој на радио мрежата

Што очекуваме:

  • Добри вербални и комуникациски способности;
  • Проактивност;
  • Аналитички способности и способности за решавање на проблеми;
  •  Висок степен на креативност и флексибилност;
  •  Способност за работа под притисок;
  •  Тимска работа;
  •  Посветеност на работата и доверливост

Квалификации

  • Високо или Више образование (Технички факултет – Телекомуникации, Електротехника или друг технички факултет);  
  • 1-3 години работно искуство на иста или слична проблематика ќе се смета за предност;
  • Напредни познавања на работа со компјутер (MS office, email, internet, intranet);
  • Добро познавање на мобилните технологии (GSM, UMTS, LTE) со посебни познавања во областа на радио мрежи;
  • Добри познавања на GIS технологија;
  • Солидно познавање на IP технологии (TCP/IP) и мрежи;
  • Солидно познавање на IT технологии и опрема (компјутерски системи и работа со бази на податоци, SQL);
  • Дополнителни познавања, курсеви, обуки и вештини од областа на big data, анализа на податоци (data analyst), machine learning (ML) ќе се сметаат за предност
  • Активно познавање на англиски јазик

Работно време:

  • Работното време во компанијата е  флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00  часот)

Што нудиме:

  • Работа со најнови технологии во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Како да аплицирате:

Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx  и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање-  Виши Соработник за планирање на радио и микробранова мрежа

Контакт информации тел. 02/3 242-602

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Installations, Maintenance and Repairs amounts to 24.722 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more