Vrabotuvanje.com - Теренски Тим лидер (м/ж) - Скопје - Скопје - СОС ДЕТСКО СЕЛО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Теренски Тим лидер (м/ж) - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • СОС ДЕТСКО СЕЛО

За потребите на СОС Детско село, МПГ Солутионс ја објавува следната позиција:

Теренски ТИМ ЛИДЕР (м/ж) Скопје

 

кој ја координира работа на СОС Претставниците на терен и дава континуирана поддршка и  практична едукација со цел зголемување на мрежата на СОС Пријатели и остварување на мисијата на СОС Детско село – Ниту едно дете не треба да расте само.

Области на работа и одговорности:

  • Ја координира работата на теренските претставници градејќи ефективен тим, позитивни интерперсонални односи и тимски дух
  • Континуирана дневна посета и мониторинг на теренските активности
  • Поддршка во теоретски и практични тренинзи на теренските претставници согласно однапред дефиниран интерен протокол
  • Учествува во процесот на селекција на теренските претставници
  • Ги следи индивидуалните остварувања согласно однапред дефинирани цели и изработува евалуациски извештаи
  • Изработува планови/распоред за теренска работа, промени, замени и сл
  • Организира и спроведува неделни и месечни состаноци со теренските претставници

Потребни квалификации и дополнителни критериуми:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Најмалку 1 година искуство во директна продажба, пожелно искуство во водење на тим
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Работа на компјутер
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач
  • Користење на сопствено возило  
  • Високо организирана личност ориентирана кон остварување резултати
  • Одлични комуникациски, презентациски и продажни вештини
  • Оптимизам, упорност и спремност да обезбедува донации за хуманитарни цели

Работни услови:

  • Ангажман на определено време од 6 месеци со можност за продолжување и вработување со полно работно време
  • Работа на терен
  • Скратено работно време од 20 часа неделно
  • Флексибилно работно време
  • Континуирани можности за личен и професионален раст и развој

Испрати ја твојата биографија со јасна назнака за позицијата преку полето Брза Апликација најдоцна до 11.02.2022 година.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more