Vrabotuvanje.com - Референт за обезбедување на квалитет - Велес - БРАКО ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт за обезбедување на квалитет

Велес

Application deadline:

  • БРАКО ДОО

 
БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
 

ДПТУ Брако ДОО од Велес има потреба од:
 

РЕФЕРЕНТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ

 

Работни задачи:

  • Исполнување на барањата на ISO стандардите, преку надоградување и одржување на Интегрираниот Систем за Управување (ИСУ);
  • Подготовка на соодветна документација за имплементација на ISO стандардите
  • Обезбедување успешна ресертификациска постапка, за продолжување на валидноста на ISO сертификатите;
  • Контрола на имплементацијата на Интегрираниот систем за Управување во организацијата;
  • Организација, учество/спроведување  на интерни проверки за Интегрираниот систем за Управување;
  • Активно учество во процесот на справување со рекламации од клиенти и рекламации до добавувачи;
  • Имплементација на барањата на Интегрираниот Систем за Управување поврзани со работната позиција, барањата на клиентите и пренесување на потребните информации до сите вклучени во процесот.

Потребно образование и способности:

  • ВСС;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на работа со MS Office;
  • Најмалку 1 година работно искуство во имплементација на ISO стандарди (ISO9001, ISO14001, ISO45001).

Вештини:

  • Подготвеност за работа во динамична средина;
  • Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност;
  • Тимска работа и кооперативност.

Што нудиме:

  • Можност за работа во динамична работна средина, стекнување и унапредување на знаење и искуство од искусни обучувачи, добар социјален пакет, продолжување по стапките на нашите партнери во задоволување на барањата на купувачите насекаде во светот. 
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во нашата компанија и сте согласни вашите податоци да бидат зачувачи во нашата архива за работните позиции кои ќе бидат отворени во иднина, испратете ја вашата работна биографија преку полето Брза Апликација.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани. Прашања и повеќе информации на тел.
075 293 691.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more